Млад голман е инспирација за сите: Како да се остане активен во изолација (видео)

 

Пандемијата со Коронавирусот буквално нè затвори дома и мораме да седиме во изолација со цел да се спречи ширењето на опасниот вирус. По Кина, голем дел од европските земји се погодени и веќе се бројат илјадници заразени и мртви од вирусот Ковид-19.

Во вакви услови, важно е да се држиме до мерките и препораките кои служат за превенција од Коронавирусот, но воедно мора да се најдат домашни активности за полесно да се помине времето во затворен простор.

Така, едно дете кое се надева дека ќе стане професионален фудбалски голман во иднина, си направи свој систем на тренинг удирајќи ја топката од ѕид со цел да го одбрани одбиениот шут. Детето е син-единец па мора на ваков начин да се снаоѓа кога веќе нема кој да му шутира.

- Оглас -

Најнови вести