Младата ѕвезда на Борусија Дортмунд летна во облаци, а соиграчите не можат да го трпат

Џуд Белингам е една од најголемите ѕвезди на Борусија Дортмунд, а раководството на овој тим со него има големи планови за во иднина.

Но, медиумите од Германија велат дека англискиот фудбалер, кој има само 19 години, ги нервира соиграчите со неговото однесување, и тоа јавно пред камерите на последните натпревари.

На средбата против Глазгов ренџерс, каде што Борусија загуби со 4:2, Англичанецот упатил навредливи зборови кон соиграчот Нико Шулц.

А нешто слично е забележано на средбата против Аугсбург, каде што влезе во вербален дуел со Аксел Вицел, кој е 14 години постар од него.

Дали сето ова е навестување дека младиот фудбалер ќе биде скапо платен ова лето или, пак, ќе игра и во наредната сезона за овој тим, останува да се види. Борусија знае да ги погоди трансферите на младите англиски фудбалери бидејќи минатото лето го продадоа Џејдон Санчо во Манчестер јунајтед за околу 100 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести