Многу лоша била ситуацијата за Дибала и девојка му

Ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала и неговата девојка Оријана Сабатини веќе 10-тина дена се борат со опасниот Коронавирус. Дибала беше третиот играч, по Ругани и Матуиди, кој беше тестиран како позитивен на Коронавирусот. Заедно со неговата девојка се во изолација во Торино, а Оријана открива дека имало и доста лоши моменти во борбата со опасниот вирус.

„Сега се чувствуваме подобро, но пред два-три дена ситуацијата беше многу лоша. Во изолација сме веќе девет дена и докторите ни рекоа дека повторно ќе нѐ тестираат на 31 март. Во меѓувреме добивме упатства да одмараме и да пиеме некои витамини. Чувството е како кога осеќате дека добивате грип. Ве боли цело тело и чувствувате замор. Немав температура ни грозница, но во градите почувствував некој чуден звук, а потоа и Пауло се пожали дека се чувствува лошо. За нас тоа беа симптоми како кога имаме грип“, открива девојката на Дибала, Оријана.

- Оглас -

Најнови вести