Само пет дена поминаа од почетокот на Светското првенство, а јасно е дека овој Мундијал може да биде со многу изненадувања. Досега се одиграа вкупно 16 натпревари, а половина од нив, односно дури осум завршија со нерешен резултат.
Од тоа што досега го покажаа репрезентациите на теренот, се покажува дека речиси и да нема аутсајдери и сите „знаат да играат фудбал“. Претходно фактот дека бројот на учесниците беше зголемен од 32 на 48 донесе страв дека ќе има разводнување на квалитетот, но на теренот се покажа дека не е така.
Актуелниот европски првак Шпанија не успеа да го сруши бункерот на дебитантот Зелено’ртски Острови и одигра без голови. Катар покажа карактер и со погодок во 90+4 минута стигна до реми (1:1) против фаворизираната Швајцарија. Ниту Египет не се покори пред Белгија. Фараоните водеа со 1:0, а Белгија беше таа која се спаси од пораз и израмни на 1:1 за освојување на еден бод.

Во дуелите на европски фаворит против ривал од друг континент не победи и Холандија. Лалињата водеа двапати против Јапонија, но една од најсилните азиски селекции покажа дека има сили да се врати во игра и на крајот стигна до 2:2.
Без победник завршија и дуелите меѓу Иран – Нов Зеланд (2:2), Саудиска Арабија – Уругвај (1:1), Бразил – Мароко (1:1) и Канада – Босна и Херцеговина. Дека квалитет не фали и кај Хаити, се покажа во дуелот против Шкотска, кога европската селекција само со еден постигнат гол стигна до посакуваните три бода.

