Модриќ: Немаше пенал, ВАР-одлуките секогаш се против нас!

Португалија се пласира во осминафиналето на Светското првенство по победата од 2-1 над Хрватска, но по натпреварот големо незадоволство изрази Лука Модриќ, кој остро ја критикуваше ВАР-технологијата.

Капитенот на Хрватска истакна дека неговиот тим бил оштетен од судиски одлуки и посочи дека технологијата, според него, не се користи доследно.

„Мислам дека заслуживме многу повеќе. Немаше пенал. Ако беше обратна ситуација, ВАР немаше да реагира. Уште кога беше воведен кажав дека не ми се допаѓа, подоцна се покажа како корисен во одредени ситуации, но сега се злоупотребува затоа што се применува селективно и во зависност од тимот. ВАР треба да интервенира само кога постои апсолутна сигурност дека е направена грешка, а не во вакви ситуации“, изјави Модриќ.

И покрај поразот, Хрватска го заврши настапот на Мундијалот со силен отпор против еден од главните фаворити на турнирот.

- Оглас -

Најнови вести