Мохамед Али ќе игра во Шпанија, потпиша петгодишен договор со Реал Сосиедад

Мохамед Али Чо одлично напредува во кариерата и 18-годишниот играч со многу интересна фудбалска приказна потпиша петгодишен договор со Реал Сосиедад, за кој неговиот досегашен клуб Анже ќе добие отштета од 12 милиони евра.

Фудбалерот со добропознато име во спортот, идентично на боксерскиот гигант Мохамед Али има интересна фудбалска приказна.

Беше кадет во Академијата на Пари Сен Жермен од 2011 до 2015 година, а потоа се пресели во Евертон и почна да игра за англиската репрезентација за играчи на возраст до 16 години.

Потоа се пресели во Анже и се врати во матичната земја па од 2020 настапува за младинските селекции на Франција каде и е роден.

Сега ќе игра во Шпанија, пет години во еден од најсилните клубови во Ла Лига што е потврда за неговиот раскошен талент.

 

- Оглас -

Најнови вести