Моментот мораше да се искористи: Се чека ред за „селфи“ со Меси (фото)

Барселона се помачи да го надигра тимот на Столе Димитриевски, по што Каталонците триумфираа со 2-1 против Рајо Валјекано за пласман во четвртфиналето во шпанскиот Куп.

Лионел Меси беше човекот кој ја врати Барса во игра откако гостите се најдоа во негатива од 1-0 во 63-тата минута, а Де Јонг ги реши дилемите на десетина минути до крајот.

По мечот, фудбалерите на двете екипи заминаа во соблекувалните, меѓутоа Меси се задржа на теренот со цел да им ја исполни желбата на децата од домашниот тим. Сите сакаа да се фотографираат со можеби најдобриот фудбалер на денешницата за да имаат спомен за цел живот.

- Оглас -

Најнови вести