Мора да е голем талент – Пристигна повреден во 2016, не одигра ниту еден меч, а доби продолжување на договор

Раководството на Борусија Менхенгладбах има неограничена доверба во Мамаду Дукуре иако големиот талент на францускиот фудбал со потекло од Сенегал веќе четврта година не е подготвен за деби за германскиот тим.

Дукуре доби продолжување на договорот што му истекуваше во 2021 година, а во Борусија пристигна во 2016 година од Пари Сен Жермен. И беше долго повреден, но од Борусија велат дека наскоро ќе биде подготвен за настап и дека веројатно ќе дебитира во оваа сезона за Бундеслигашот.

Дукуре во 2015 година ја предводеше Франција како командант во одбраната до титулата Европски првак за фудбалери во возрасна категорија до 17 години.

Играше и со ПСЖ финале во младинската Лига на шампиони во 2015/16 и потоа се пресели во Борусија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести