Морант имаше многу среќа, не е тешко повреден и ќе паузира еден месец (Видео)

Еден од најдобрите кошаркари на Мемфис гризлис, Џа Морант, ќе паузира од 3-5 недели по повредата на глуждот на дуелот со Бруклин нетс.

Морант имаше многу среќа, па има само полесна повреда, иако првично изгледаше лошо, па дури беше изнесен од теренот во инвалдиска количка.

https://twitter.com/BleacherReport/status/1343731297881968640?s=20

Има повреда на глуждот од втор степен и веројатно ќе мине само еден месец надвор од терените.

Во Мемфис стравуваа дека ќе го загубат својот адут на подолг период, па дури се појавија информации дека можно е и целата сезона да биде зваршена за играчот што почна блескаво во новата сезона, со 44 поени против Сан Антонио и 28 против Атланта хоукс, а потоа се повреди во раната фаза од мечот со Бруклин.

 

- Оглас -

Најнови вести