Морбиден протест во Виторија (Видео)

Во Шпанија, никој не сака да игра во понеделничкиот термин од 21 часот, а навивачите на Алавес вечерва на мечот со Леванте, изразија простест со тоа што му приредија „погреб“ на фудбалот.

Домашните фанови со транспаренти кажаа што мислат, а освен носењето црна облека, носеа и ковчег кој ја симболизира „смртта на фудбалот“.

За да ги исполни барањата на телевизиите, Ла Лига овозможи одигрување натпревари во термини кои не беа вообичаени до пред некоја година, а термин кој најмногу им пречи на фановите е понеделник навечер. Алавес иако е високо пласиран на табелата, не е атрактивен за преносите преку викенд, и двапати по ред на свој терен игра во понеделник.

И минатиот понеделник имаше протест поради истата причина, навивачите на Рајо Валјекано и Леганес го искажаа своето незадоволство, па сега е јасно дека и во следното коло (во поненделник треба да се игра Уеска-Атлетик Билбао) ќе се случи истото.

https://twitter.com/i/status/1095054797496033281

- Оглас -

Најнови вести