Може да има доста голови во Бирмингем, Бордо, Торино и Менхенгладбах

1009 Астон Вила – Лестер (17.30 часот)

Ова е дуел на два тима од средината на табелата во Премиерлигата и негативна гол-разлика, а Лестер има само три бода повеќе од Вила. Тимот од Бирмингем има само едно реми сезонава, на сите други мечеви или губеше или победуваше. И Лестер е променлива екипа, во последните три кола имаше по една победа, пораз и нерешено. Астон Вила сезонава на сите домашни мечеви даваше гол, а Лестер на последните пет гостувања, секогаш и даваше и примаше гол. И традицијата најавува дека двата тима ќе дадат гол, на последните шест нивни мечеви во Бирмингем, секогаш било ГГ.

Предлог тип: ГГ (1.63)

 

1710 Бордо – Лион (20.45 часот)

Бордо е разочарување сезонава во Франција, се наоѓа во опасната зона на табелата која води во втора лига, а и Лион е подолу од тоа што би требало според амбициите и составот кој го имаат. Бордо во последните четири кола освои само еден бод и тие се тим со најмногу примени голови во француската елита. Но, Бордо има дадено еден гол повеќе од Лион. Последните пет меча на Бордо беа со 3+ голови, а четири од нив беа и со 5+. Лион два месеца нема играно нерешено.

Предлог тип: ГГ (1.50)

 

3008 Јувентус – Џенова (20.45 часот)

Старата дама е голем фаворит, не затоа што е доминатна како во минатото, туку затоа што Џенова е слаба и загрозен е нејзиниот прволигашки статус. Пандев и другарите имаат само една победа сезонава, и чудо би било ако останат непоразени во Торино. Џенова на последните три меча не успеа да даде гол, а на победа чекаат од 12-ти септември. Јуве дома не е претерано ефикасен, но Џенова му е стар „пациент“. Џенова на лигашко гостување кај Јувентус, 30 години нема победа.

Предлог тип: 1 & 2-4 (1.80)

 

1309 Леванте – Осасуна (18.30 часот)

Леванте не знае за победа после 15 кола, и последен е на табелата со само 7 бода, додека Осасуна има по пет победи, порази и ремија, но одамна не победила. На Леванте му гори под нозе, мора да оди на победа. Статистиката и традицијата покажуваат дека нема да има многу голови. Последните пет дуели на овие тимови во Валенсија, секогаш биле со 0-2 гола, но никогаш конечниот резултат не бил 0-0.

Предлог тип: & 0-3 (1.79)

 

1809 Борусија Менхенгладбах – Фрајбург (17.30 часот)

Фрајбург е шести на табелата и се бори за Европа, има најмалку примени голови во Бундеслигата, но има и три порази по ред и го губи чекорот со најдобрите. Менхенгладбах има четири бода помалку од Фрајбург, но во подобар ритам е, иако и тие загубија во минатото коло во соседското дерби против Келн. Традицијата најавува победа на домашните, но и дека Фрајбург ќе постигне гол. Најчест резултат на нивните пресметки во последно време е 2-1 за Борусија.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.70)

- Оглас -

Најнови вести