Може ли Саутемптон да го сопре чудото од „Енфилд роуд“?

Најдоминантниот тим во Европа сезонава, Ливерпул е пред нов предизвик на свој терен. Лидерот во Премиер лигата го пречекува Саутемптон, а навивачите на „Енфилд роуд“ сигурно очекуваат нова радост.

Во досега одиграните 24 кола, Ливерпул има неверојатни 23 победи и едно реми за досега освоени 70 бодови. Овие 70 бодови до јануари се повеќе од тоа што Ливерпул освојувал на крајот од сезоната во 17 од последните 27 првенства во Англија.

На свој терен Ливерпул е перфектен со 12 победи во низа и 31 дадени, наспроти само девет примени гола. Проблем за Јирген Клоп е тоа што нема да игра Садио Мане, но на негово место како замена ќе биде Ориги, па не би требало да има застој.

Саутемптон е тим кој знаел да изненади на ова тешко гостување. На последните пет меча на „Енфилд“, Саутемптон загубил два пати, два пати успеал да одигра нерешено, а еднаш се радувал и на победа од 1:0. Во корист на гостите оди и фактот што во скоро време успеаа да ги победат Лестер и Челзи на гости, а против Тотенхем да одиграа нерешено. Вкупно сезонава, Саутемптон на гости има шест победи, две реми и само четири порази, па ќе биде интересно да се види дали ќе успее да изненади и против Ливерпул кој сезонава покажа дека е ниво над сите останати премиерлигаши.

 

- Оглас -

Најнови вести