Можеше да биде тренер на Милан, а сега се вработи во Русија

Ралф Рангник, германскиот стратег кој долго време се поврзвуваше со клупата на Милан, прифати неочекуван предизвик во Русија. Тој ќе биде новиот директор за развој на таленти во наредните три години.

Рангник е преставен како експерт во своето поле и е еден од најдобрите умови во фудбалот, со него треба да почне новата ера на московскиот клуб, кој покрај тоа што сака да го тргне Зенит од тронот, туку сака и да развие квалитетни играчи кои во иднина би ја полнеле касата на Локомотив, а воедно би биле нови лидери на рускиот фудбал.

Рангник во кариерата работеше како тренер во Штутгарт, Хановер, Шалке 04, Хофенхајм и Лајпциг. Од неодамна 63-годишниот фудбалски работник ја напушти позицијата во Ред бул како директор за развој на фудбалери за да се посвети на новиот предизвик.

- Оглас -

Најнови вести