Можно е да се одложи дуелот Сампдорија – Рома

По 10-тина дена репрезентативни возбудувања, повторно на сцена се враќа клупскиот фудбал. Во сите најсилни лиги во Европа повторно ќе има борба за бодови. Во италијанската Серија А за в недела во Џенова е закажан дуелот меѓу Сампдорија и Рома, но уште сега постојат најави дека може да не се одигра.

Временската прогноза за в недела, во времето на одигрување на мечот покажува дека се очекува многу силен ветер и речиси сигурно ќе врне дожд. За мечевите кои се играат во Џенова не е чудно да има одложувања, посебно во есен, кога временските прилики се најлоши во вакви ситуации.

На овој меч, дебито на клупата на Сампдорија треба да го има Клаудио Раниери, кој токму в недела има роденден и ќе полни 68 години. Дури и да се игра мечот во предвидениот период, наш совет е да не играте на погодоци бидејќи според начинот на игра, но и лошите временски услови кои се очекуваат, не би требало да има повеќе од два гола.

Ова не е прв случај кој може да биде откажан во Топ 5 лигите за оваа сезона. Од вчера се шпекулира дека големото дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид нема да се игра во закажаниот термин на 26 октомви. Причина за можното откажување на Ел Класико се протестите кои ги има во главниот град на Каталонија.

 

- Оглас -

Најнови вести