Можно ли е? Барселона го договорила враќањето на Лионел Меси

Барселона пред само неколку недели беше клуб кој не тонеше во долгови и имаше проблеми да доведе нови играчи и да ги регистрира. Сепак, со продажбата на 25 отсто од телевииските права во следните 25 години, каталонскиот гигант не само што стана конкурентен на трансфер пазарот, туку тоа е клубот кој досега потроши најмногу пари за доведување нови играчи.

Постигнати се неколку договори за кои претходно беше нереално дека ќе се остварат, а сега Барселона е во мисија на најважниот договор. Претседателот Жоан Лапорта пред неколку дена најави дека една од главните цели ќе биде враќање на Лионел Меси на „Камп Ноу“.

Според тврдењата на Радио Каталуња, сонот на фановите на Барселона повторно да го видат нивниот миленик во сино-црвениот дрес, ќе се случи следното лето. На Меси му истекува договорот со ПСЖ во јуни 2023 година и потоа како слободен играч ќе може да одбере каде ќе продолжи.

Аргентинскиот виртуоз за речиси две децении поминати во сениорскиот тим на Барселона постави многу рекорди кои тешко дека во скоро време ќе бидат срушени.Тој е рекордер по бројот на погодоци во историјата на клубот со 672 гола во 778 меча.

- Оглас -

Најнови вести