Можно ли е вакво сценарио – сите мечеви од Премиер лигата да се доиграат во Кина!?

Во немање на вистински фудбалски возбудувњата, најважно во Европа е кога ќе започнат повторно да се играат мечевите од домашните првенства. Многумина со нетрпение очекуваат враќање на Премиер лигата, но засега тоа е невозможно поради пандемијата од Коронавирусот.

Англија е земја во која во моментов навистина брзо се шири опасниот вирус и не се знае кога би можело да се продолжи со фудбалот. Дел од медиумите во Англија пренесуваат за едно неверојатно сценарио, дуелите од Премиер лигата да се доиграат во Кина.

Според „Атлантик“, а цитирано од „Стандард“, клубовите по секоја цена ќе се обидат да ја комплетираат сезоната во која Ливерпул треба да стане првак, па дури и да се играат натпреварите надвор од Англија. Сега се нагаѓа и со земја каде што опасниот вирус не прави толку проблем, а фокусот е на Кина.

Земјата од која Коронавирусот започна да се шири низ целито свет, неодамна прогласи победа против опасната болест и сега е како една од побезбедните дестинации. Во Кина има многу фанови на англискиот фудбал и клубови, па токму затоа Кина е како една добитна комбинација.

Сепак, засега комбинација е само како една можна опција, а во Англија се надеваат дека на крајот сепак нема да мора да патуваат на делечниот Исток, туку на почетокот на мај да ги продолжат натпреварите од сезоната.

- Оглас -

Најнови вести