3.8 C
Skopje
понеделник, 17 ноември 2025

Можноста за позајмица во Премиер лигата пропадна, Ендрик се сели во француската Лига 1

Бразилскиот напаѓач Ендрик летото 2024 година се пресели во Реал Мадрид од Палмеирас за сума од 47,5 милиони евра и се очекуваше да биде новата ѕвезда на Кралевите, но добиваше мала минутажа кај Карло Анчелоти, а уште помала кај Чаби Алонсо.

И самиот фудбалер побара да биде испратен на позајмица зимава, а прв фаворит беше Марсеј. Сепак, во трката се вклучија и Манчестер јунајтед и Астон вила, но нема да има ништо и од тие позајмици.

Речиси сигурно е дека Ендрик зимава ќе се пресели во Франција, и тоа во екипата на Лион, каде што ќе го мине вториот дел од оваа сезона, а следното лето ќе се врати во Реал Мадрид.

Ендрик оваа сезона за Реал Мадрид одигра само 12 минути, и тоа на последниот меч против Валенсија, додека неговиот претходен меч беше на 18 мај против Севиља.

- Оглас -

Најнови вести