Му се налутија на Манчестер јунајтед што на гостувањето во Лестер замина со авион

Екипата на Манчестер јунајтед се реши на еден несекојдневен чекор, и на гостувањето во Лестер замина со авион, иако Лестер е на само 160 километри од Манчестер и авионскиот лет трае само 10-15 минути. На гостувањата во Лестер, Црвените ѓаволи обично патуваат со автобус, но овојпат имало голем метеж во сообраќајотна автопатот М6, па заминаа со авион.

Се јавија од здруженија на чиста средина и го нападнаа Манчестер дека го загадува воздухот. Авионите го зголемуваат глобалното затоплување, особено негативно влијаат кратките летови, па од Јунајтед мораа да се бранат дека се залагаат за чиста околина. Во Франција има забрана за кратки летови.

- Оглас -

Најнови вести