Му се смачи да го гледа противникот како глуми, па и тој падна на земја да глуми повреден (Видео)

Ајакс загуби на гостувањето кај Хетафе со 2:0, а гостинските играчи беа многу нервозни во текот на мечот. Поради една неуспешна офсајд-стапица, гостите од Амстердам му подарија на домаќинот да поведе. Таа ситуација може да ја видите ТУКА.

Освен што примија два гола, гостите беа нервозни затоа што играчите на Хетафе често се жалеа на повреди. По еден дуел на двајца играчи, фудбалерот на Хетафе, Ноим падна на земја и почна да се жали на повреда. Бабел, кој беше во дуел со домашниот играч, нервозен затоа што веруваше дека противникот симулира повреда, почна и тој да се фрла по тренот и да глуми дека е повредени.

https://streamable.com/03eiv

- Оглас -

Најнови вести