Му се смеевме на Халанд, а потоа… Бум!

Некогашниот играч на Ерлинг Халанд во Молде, Рубен Габриелсен, откри интересна анегдота поврзана со норвешката сензација од периодот кога заедно ги бранеле боите на норвешкиот клуб. Габриелсен и Халанд две години играле заедно, а тој вели дека кај голгетерот на Борусија Дортмунд не можело да се примети потенцијалот.

„Пред еден натпревар Халанд не можеше да постигне гол на тренинг цела една недела. Му се смеевме и се шегувавме со него. Кога разбрав дека ќе биде во стартниот состав си помислив: Дали е можно, па како ќе играме со него? А, потоа Халанд експлодира и даде четири погодоци за 50 минути. Кога дојде во Молде беше низок и искрено кажано, не беше нешто посебно добар. Сето тоа се смени по една повреда, а откако закрепна и се врати на тренинг беше сосема друг човек. Висок, силен, и едноставно почна да брилјира. Мислам дека во тој период научи една работа: Кога ќе дојде тежок период, треба да се работи уште понапорно“, истакна Габриелсен.

Во повеќе наврати сезонава го фалевме квалитетот на Халанд, а пред да се прекине сезоната во Бундеслигата младиот Норвежанец ги освои симпатиите со 12 гола на 11 меча во дресот на Милионерите, воедно поставувајќи неколку рекорди.

 

- Оглас -

Најнови вести