Мурињо делеше бакнежи на „Олд Трафорд“, а потоа ја анализираше играта на Манчестер (Фото)

Манчестер јунајтед и Ливерпул ремизираа 1:1 во дербито на двата најтрофејни клуба во Англија, а еден дел од шоуто на „Олд Традорд“ отиде и кај некогашниот тренер на Црвените ѓаволи, Жозе Мурињо. Португалецот кој пред неполна година беше тренер на Манчестер, овојпат седеше во ложата и беше во улога на стручен аналитичар.

Кога се појави на стадионот, Мурињо беше пречекан со аплаузи од навивачите на Манчестер, што покажува дека останал во добро сеќавање кај нив. По мечот тој беше разочаран што „неговиот“ Манчестер не победил, но имаше пофални зборови за Оле Гунар Солскјер, кој е негов наследник на клупата на „Олд Трафорд“.

„Фантастичното издание на Манчестер беше расипано поради една грешка. Пред мечот побарав играчите да играат со срце, а тие направија повеќе од тоа. Да бев на местото на Солскјер, ќе бев горд на фудбалерите, но и фрустриран од резултатот“, рече Мурињо, кој додека го следеше мечот, делеше и бакнежи на фановите.

https://twitter.com/utdxtra/status/1185974865817489413

- Оглас -

Најнови вести