Мурињо добил покана од фудбалер да го води тимот за којшто настапува

Менаџерската кариера на Жозе Мурињо и натаму е во застој откако Португалецот во декември минатата година доби отказ од Манчестер јунајтед. Во меѓувреме, тој често се појавува на ТВ во спортски емисии, каде што анализира натпревари, но и зборува за актуелните случувања во најпопуларниот спорт.

Пред неколку дена, во последното појавување на „Бе Ин спортс“, Мурињо истакна дека добил покана од еден фудбалер со којшто соработувал во минатото и натаму е во контакт да го преземе тимот за којшто самиот играч настапува.

„Еден од играчите со коишто имам одлична професионална врска и игра за еден одреден тим ме покани да бидам тренер на неговата екипа од следната сезона. Јас му реков дека никој во тој клуб не ме сака, ниту навивачите, на што тој ми одговори: Победи три натпревари и ќе се заљубат во тебе“, изјави Мурињо.

https://twitter.com/FergieFutboI/status/1129343583209828352

Можете ли сами да протолкувате за кого станува збор? Да се обидеме да ја разрешиме мистеријата.

Жозе Мурињо во минатото соработуваше со Кристијано Роналдо во Реал Мадрид. Двајцата Португалци останаа во контакт и меѓу себе делат голем респект. Роналдо сега е во Јувентус, клубот кој остана без тренер по најавеното заминување на Максимилијано Алегри.

Мурињо не е омилен кај навивачите на Старата дама бидејќи три години беше тренер на Интер, а сите го паметат неговото провоцирање на „Алијанц стадионот“ од минатата година, кога со неговиот Манчестер јунајтед направи пресврт против италијанскиот првак и среде Торино славеше со 2-1 во групната фаза од Лигата на шампионите.

Останува да видиме дали ова може да се оствари, а доколку Мурињо добие шанса да го води Јувентус, ќе треба доста да се потруди да ги освои срцата на Јувентини.

- Оглас -

Најнови вести