Мурињо е идеален за тренер на Њукасл

Жозе Мурињо е најновото име кое се појави како потенцијален нов менаџер на Њукасл. Новите сопственици на Чавките за својот проект сакаат да го привлечат Португалецот, кој одговара за нивните амбициите. Но, Мурињо има тригодишен договор со Рома.

Саудискиот инвестициски фонд го купи Њукасл за 325 милиони евра и подготвени се да инвестираат огромна сума за трансфери уште во јануари, а актуелниот менаџер Стив Брус нема уште долго да остане на клупата.

Некогашниот англиски репрезентативец, Дени Милс, ги советувал газдите дека нема подобар тренер за тимот од Мурињо. Жозе работел во Челзи, Манчестер јунајтед и Тотенхем, има искуство од работење во Премиер лигата, има искуство и од работење во клуб кој исто како и Њукасл доби богат газда и тргна по нагорна линија.

„Ако треба со пари да се изгради тим и да се биде релативно успешен, јас би го зел Мурињо. Ако му дадете доволно пари и му дозволите да прави што сака, тој ќе ве донесе до успех побрзо отколку кој било друг. Њукасл може да оди бавно и да се избори за опстанок, во следната сезона да биде во горната половина, па да влезе во топ 6. Но, ако сака од преживување да скокне во топ 4, нема подобар од Мурињо за таа работа“, смета Милс.

- Оглас -

Најнови вести