Мурињо е уверен: Тотенхем ќе освои трофеи пред да си заминам од клубот

Тотенхем е едно од поголемите разочарувања во европскиот фудбал сезонава. Тимот кој лани играше во финалето на Лигата на шампиони и одлично котираше во Премиер лигата, сезонава се бори за место во Лигата на Европа, но и тоа е тешко да се реализира.

Многумина како еден од главните виновници за падот во формата на екипата го гледаат во тренерот Жозе Мурињо. По доаѓањето на Португалецот, Тотенхем го смени начинот на игра, сега игра многу подефанзивно, а тоа го потврдува и фактот дека на последниот меч против Борнмут, лондончани не упатија ниту еден директен удар кон голот на ривалот.

И порај протестите и негативните критики, Мурињо е уверен дека со Тотенхем ќе го донесе долго посакуваниот трофеј, кој го чекаат во последните 12 години.

„Колку долго му требаше на Клоп со Ливерпул? Четири години, четири сезони. Го купија еден од најдобрите голмани во светот, еден од најдобрите стопери во светот и продолжија да купуваат квалитетни играчи. Јас сум фокусиран на мојот тригодишен договор и верувам дека во тој период ќе донесам трофеи во Тотенхем“, рече Мурињо.

По 34 одиграни кола во Премиер лигата, Тотенхем е на деветото место со 49 бодови, еден помалку од големиот ривал Арсенал, додека седмопласираниот Шефилд има 51 бодови. Следниот предизвик за Тотенхем е најважниот меч за фановите на овој клуб, а тоа е градското дерби против Арсенал, кое се игра утре.

 

- Оглас -

Најнови вести