Мурињо ги поздрави хејтерите, и делеше петки после победата на Рома

Жозе Мурињо синоќа му се придружи на Џовани Трапатони како единствени тренери кои имаат освоено пет европски трофеи во кариерата. Мурињо до петте победи дојде во пет финалиња, не знае за пораз во финале на европско натпреварување, и потврди дека е мајстор за подготовка на своите екипи за вакви мечеви.

Рома до вчера немаше европски трофеј од натпреварувањата на УЕФА, но го донесе Мурињо и желбата им се исполни.

Само што заврши мечот помеѓу Рома и Феенорд во финалето на Конференциската лига во Тирана, Мурињо постојано ја пружеше раката и покажуваше петка, бројка која многу му значи.

Ова беше порака до неговите критичари кои треба да признаат дека Португалецот сепак има нешто специјално што го немаат другите тренери.

- Оглас -

Најнови вести