Мурињо ќе има четири титули во Премиер лигата?

Суспензијата на Манчестер сити од страна на УЕФА е главна тема на Островот изминативе денови. Граѓаните поради прекршување на финансискиот фер-плеј, во следните две сезони немаат право на настап во Лигата на шампионите, а се шпекулира дека англиската ФА дополнително подготвува казни за актуелниот првак.

Можно е на Сити да му се одземат бодови, оваа или во наредната сезона, до уште поригорозни мерки, како исфрлање во втората, односно четвртата англиска лига. Доколку се случи такво нешто, Жозе Мурињо се интересира дали ќе се одземаат и титулите, како на пример онаа од 2017/18 сезона, кога Манчестер јунајтед под палката на Португалецот беше вицепрвак зад градскиот ривал.

Мурињо го интересира дали тимот кој заврши на второто место ќе биде прогласен за шампион, праша по победата на неговиот Тотенхем против Астон вила.

„Морам да прашам дали второпласираниот тим ќе ја добие титулата од сезоната 2017/18. Да, или не? Тоа би било интересно, но шегата настрана, мирно ќе чекаме расплет на ситуацијата“, изјави Мурињо.

Во случај Сити да остане без титулата, Жозе Мурињо ќе биде четирикратен првак на Англија бидејќи има три титули со Челзи во сезоните 2004/05, 2005/06 и 2014/15.

 

- Оглас -

Најнови вести