Мурињо: Манчестер јунајтед има многу среќа

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо има пофални зборови за неговиот поранешен тим Манчестер јунајтед, посебно за играта на Црвените ѓаволи во вториот дел од сезоната. Сепак, португалскиот стратег не заборави да потенцира дека Манчестер имал многу среќа на неколку мечеви, додека неговиот Тотенхем останал без к’смет.

„Ако Манчестер јунајтед успее да се пласира во Топ 4 на крајот од сезоната, тоа ќе биде затоа што играа многу добро во втората половина од првенството. Кога играш добро, тогаш е заслужено. Сепак, да не заборавиме дека тие имаа среќа на повеќе од еден меч. Имаа среќа, нешто што нас ни недостасуваше“, вели Мурињо.

Тотенхем може индиректно да му помогне на Манчестер да дојде до четвртото место, затоа што ако лондончани утре слават во дуелот со Лестер, Јунајтед со победа над Вест хем ќе дојде до посакуваната позиција.

 

- Оглас -

Најнови вести