Мурињо објасни како успеа да го надмудри Гвардиола и додаде дека вечерва ќе спие како ангел

Жозе Мурињо му оддржа лекција на својот колега Пеп Гвардиола, а Тотенхем со 2:0 го победи Манчестер сити, во дербито од 9. коло. Португалскиот стратег по мечот објасни како успеал да ја неутрализира играта на противникот. Мурињо вели дека ја искористил паузата која ја имаа клубовите за време на репрезентативните настапи и иако фудбалерите не биле доволно подготвени, тој со неговите помошници одлично се подготвиле и тоа е клучот за триумфот.

„Играчите немаа време да работат, но ние имавме. Јас, моите асистенти, луѓето кои се занимаваат со анализи, едноставно сите. работевме на тактикатаи ги дефиниравме сите работи. Знаевме како треба да играме кога се со четворица во одбраната, но и кога се со тројца во дефанзивниот ред. Знаевме како да ги креираме нападите, но и како да се одбраниме кога ќе бидеме притиснати“, рече Мурињо, кој додаде дека вечерва ќе гледа Атлетико Мадрид – Барселона, а потоа ќе заспиел како ангел.

Португалецот овојпат не беше арогантен и воопшто не сакаше да го провоцира Гвардиола, туку збореше само за тактиката на својата екипа.

 

- Оглас -

Најнови вести