Мурињо шоу: По исклучувањето, ја водеше Рома од трибина, качен на ограда (Видео)

Жозе Мурињо за исклучувањето на мечот со Наполи доби суспензија од еден натпревар и нема да ја води Рома од клупа на утрешното гостување кај Калјари, а интересна снимка се појави на социјалните мрежи, на која се гледа како Португалецот се однесуваше по црвениот картон.

Мурињо мораше да се качи на трибините на „Олимпико“, беше бурно поздравен од навивачите, но не го држеше место и само некоја секунда подоцна се качи на оградата за да биде поблиску до теренот и од таму да дава инструкции. Самиот Мурињо на „Инстаграм“ објави клип како дава инструкции од оградата и се пошегува на своја сметка. „Вака изгледа кога немате билет, а сакате да гледате добар натпревар“.

Еве ги првите моменти по исклучувањето:

- Оглас -

Најнови вести