Мурињо си направи најуникатна тетоважа што никој друг не може да ја има (Фото)

Жозе Мурињо по многу работи е уникатен и единствен во светот на фудбалот. Од пред два месеци Мурињо може да се пофали дека е првиот и засега единствен тренер кој успеал да ги освои трофеите во сите три европски клупски натпреварувања на УЕФА, а тоа се Лигата на шампиони, Лигата на Европа и Конференциската лига.

Португалскиот стратег беше европски првак со Порто и со Интер. Со Порто има и триумф во Купот на УЕФА, додека со Манчестер јунајтед ја освои Лигата на Европа. Сега како предводник на Рома е актуелен освојувач на трофејот во Конференциската лига.

Токму затоа Мурињо реши да си направи тетоважа на која ќе ги има сите три трофеи што ги освоил. На трофеите кои се нацртани ги има и клупските бои на клубовите со кои ги освојувал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho)

„Мислев да направам посебна тетоважа со која ќе оддадам почит на сите клубови во кои сум работел и со кои сум освојувал европски натпреварувања. Исто така сакав тоа да биде тетоважа која никој друг нема да може да ја има. Еден пријател ми даде неколку идеи, јас направив неколку корекции и стигнавме до конечната одлука“, рече Мурињо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho)

- Оглас -

Најнови вести