Мурињо со „брутален“ одговор до Арсен Венгер

Некогашниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, неодамна ја промовираше новата автобиографија под наслов „Мојот живот во црвено и бело“. Францускиот стратег повеќе од две децении беше на чело на Арсенал и е вториот најдолговечен тренер во историјата на Премиер лигата, веднаш зад Сер Алекс Фергусон.

Венгер во најновата книга во ниту еден дел не го споменува името на Жозе Мурињо кој му беше голем ривал во Англија. Англиските новинари не пропуштија шанса да го прашаат Мурињо што мисли за книгата на Венгер и зошто Португалецот ниеднаш не е спомнат.

„Нормално дека нема да ме спомне, кога никогаш ме нема победено. Сигурно нема во книгата да ставите поглавје во кое ќе пишете дека во 14 меча никогаш не сте го победиле Мурињо. Книгата е нешто што треба да ве направи горд и среќен, па и затоа ми е многу јасно зошто мене ме нема во таа книга“, рече Мурињо.

 

- Оглас -

Најнови вести