Мурињо со изјава во негов стил го искоментира враќањето на публиката во Англија

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, изјави дека е задоволен што публиката полека се враќа на трибините во Премиерлигата, но смета дека атмосферата ќе зависи од тоа каков профил на луѓе ќе бидат на трибините.

Тотенхем в недела на свој терен игра соседско дерби со Арсенал и на стадионот на Петлите ќе се дозволи присуство на 2.000 гледачи. Жозе бара од нив да бидат активни учесници, а не само неми набљудувачи.

„Од профилот на навивачите зависи каква ќе биде атмосферата. Прашање е дали ќе сакаат да дојдат на најубавиот стадион во Англија и да уживаат во тоа, или сакаат да дојдат и да играат со нас? Ако сакаат само да уживаат во стадионот, нема да има разлика. Ако сакаат и тие да ‘играат‘, тоа ќе ни даде поголема мотивација и задоволство“ – рече Мурињо кој е незадоволен што некои клубови уште имаат заостанати мечеви.

„Ние игравме четири меча во една недела и не плачевме поради тоа. Барав одговор кога ќе се играат заостанатите средби, но не добив. Тоа може да влијае на регуларноста на лигата. Мора да играат барем пред крајот на првата половина од сезоната“ – додава Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести