Мурињо: Судиите го одлучија дербито, само навивач на Арсенал би досудил онаков пенал

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, ги критикуваше судиите, и смета дека тие го спречиле неговиот тим во обидот да победи против Арсенал во големото лондонско дерби.

„Игравме многу лошо во првото полувреме, резултатот 1-1 не беше реален според случувањата на теренот. Многу бевме лоши во одбрана, немавме интензитет, некои важни играчи се криеја. Во второто полувреме имавме простор за напредок, но беше невозможно поради судијата Мајкл Оливер и Пол Тирни кој беше во ВАР собата. Ја видов ситуацијата за пеналот и мислам дека таков пенал би досудил само некој навивач на Арсенал кој има сезонски билет. Играчите се заморија, и ние тренерите, а можеби и судиите“ – изјави Мурињо и продолжи да напаѓа.

„Мојот биланс на досудени пенали против моите тимови во Премиерлигата со судијата Мајкл Оливер е несреќен. Да сумирам, во првото полувреме Арсенал беше подобар, во второто главни беа Оливер, Тирни и ВАР. Тие го одлучија мечот“ – додаде Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести