Мурињо учи германски, може да ја проба и Бундеслигата

Жозе Мурињо долго не работи како тренер, по разделбата со Манчестер јунајтед, лани, а вели дека интензивно учи германски.

Тоа ги подгреа шпекулациите дека Португалецот може да биде тренер на клуб во Бундеслигата.

„Да, учам интензивно германски јазик. Ме прашувате зошто? Па веќе говорам пет јазици и не е лошо да научам уште еден. Можеби еден ден ќе бидам тренер во Бундеслигата. Или ќе играм против германски клуб во Лигата на шампионите, па не е лошо да го говорам нивниот јазик“, изјави Мурињо.

Во кариерата работеше како тренер во родната Португалија, потоа и во Англија, Италија и Шпанија, а последен клуб му е Манчестер јунајтед од каде си замина во 2018 година.

- Оглас -

Најнови вести