Мурињо во негов стил: Ние не сме тркачки коњ, туку пони

Челзи и Тотенхем ремизираа без голови на „Стемфорд бриџ“ и не го оправдаа епитетот на градско дерби. Поголемо задоволство околу ремито е на страната на гостите, кои се вратија на лидерската позиција на табелата на делба со Ливерпул.

Сепак, Мурињо смета дека неговата екипа не е кандидат за титулата, а неговиот став го објасни во свој стил.

„Почувствував дека многу нè почитуваа како противници. Нема да кажам дека се уплашија, го мразам зборот „страв“, но сигурно Челзи имаше голем респект кон нас. Јасно беше дека ниту една екипа не сакаше да ризикува“, почна Жозе, а потоа додаде:

„Не можеме да бидеме кандидати за титулата бидејќи не учествуваме во трката. Ние не сме тркачки коњ, туку пони. Разликата можете да ја видите во Родон, кој играше за Свонси, а на другата страна стоеше еден од најдобрите дефанзивци Тијаго Силва“, заврши Специјалниот.

- Оглас -

Најнови вести