Мурињо во свој стил: Никој не би дискутирал со научник од НАСА, а секој мисли дека може да разговара со мене за фудбал

Жозе Мурињо, менаџерот на Тотенхем, во интервју за „Фудбал дејли“ во свој карактеристичен стил одговори на критиките кои ги добива на своја адреса поради неуспешната сезона со Тотенхем.

Португалецот се смета за еден од најважните тренери во најпопуларниот планетарен спорт, иако неговиот стил на игра честопати е критикуван, а тоа го смета за убавината на фудбалот.

„Не секој би се осмелил да дискутира ракетна наука со научниците од НАСА, но кога станува збор за фудбал, секој мисли дека може да дискутира околу играта со еден од најважните менаџери. Сепак, тоа е убавината на фудбалот. Се навикнав на тоа и го ценам, така што немам проблем“, посочи Специјалниот.

Жозе откри дека мотивацијата да биде во „играта“,  ја добива од своите фанови низ целиот свет, но и блиските околу него. Португалецот има своја фан-база „Мурињистас“ како што ги нарекува тој.

„Искрено, силата ја добивам од себеси, но и од луѓето кои ги сакам и кои ме сакаат, дури и од оние кои не ги познавам лично и се од е целиот свет. Ги нарекував „Мурињисти“. Една од традициите е на таков начин да ја изразиме љубовта кон одреден клуб, па така доколу си поддржувач на мојот фудбал, тогаш си „Мурињиста“, а јас ги имам насекаде. Така што, тука сум и го работам ова поради нив“, додаде Мурињо.

Тотенхем во меѓувреме и оваа сезона може да ја прогласи неуспешна. По елиминацијата од Динамо Загреб, единствен трофеј на кој се надева е во Карабао Купот, но Петлите ги очекува тешко финале против бранителот Манчестер сити. Битката за топ 4 во Премиер лигата остана како утеха, Тотенхем по 29 натпревари е на шестото место со 48 бода, три помалку од четвропласираниот Челзи, меѓу нив е градскиот ривал Вест хем со 49 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести