Мурињо за Лампард: Го сакам тоа момче, но се надевам дека ќе изгуби

Жозе Мурињо како тренер на Челзи помина многу успешен период, носејќи титули на „Стемфорд Бриџ“. Во тоа време еден од главните играчи на Челзи беше Франк Лампард. Сега, ситуацијата е сменета. Мурињо е тренер на Тотенхем, а Лампард како тренер на Челзи се обидува да ги постигне успесите од играчките денови.

Мурињо знае дека во центарот на вниманието ќе биде токму средбата со Лампард, но имаше подготвено одговор во негов стил.

„Мислам дека еден кон друг засекогаш ќе имаме силни чувства. Секогаш ќе му бидам благодарен за тоа што како фудбалер го правеше за мене. Ништо не може тоа да го промени. Го сакам тоа момче и секогаш ќе го сакам, но се надевам дека ќе загуби на неделниот меч“, рече Мурињо.

Запрашан за тоа дали Тотенхем е во голема предност затоа што Челзи моментно е во лоша форма, Мурињо повторно објасни на интересен начин.

„Пропаѓаат, но уште го држат четвртото место во Премиер лигата, а се изборија и за пласман во осминафиналето од Лигата на шампиони против Баерн Минхен. Ако тоа се вика пропаѓање, тогаш воопшто не е лошо како пропаѓаат“, пораќа Мурињо.

 

- Оглас -

Најнови вести