МЗТ една четвртина „стисна на гас“ и го победи својот втор тим во аеродромскиот дуел

МЗТ Скопје Аеродром дојде до шестата победа во деветтиот настап сезонава во првата кошаркарска лига на Македонија, а убедливиот триумф од 97-75 беше извојуван против вториот тим на МЗТ, младиот состав на МЗТ Уни банка во кој има само еден странец, сите останати се млади македонски играчи.

Фаворитот по првото полувреме имаше само три поени разлика, а потоа дојде третата четвртина која позвозрасните, поискусни и поквалитетни Штркови дадоа 34, а примија 17 поени, и покажаа дека нема да дозволат некаква сензација од „помалиот брат“.

Шест играчи на МЗТ (Крстевски, Гравет, Олуџоби, Стојановски, Мекиќ и Бојиќ) имаа двоцифрен број на поени, сите 11-мина во составот добија шанса да заиграат. Кај МЗТ 2 кој остана на една победа сезонава, најдобар беше Монтгомери со 15 поени и 14 скока, Андоновски даде 14, а Зеќири, Дарио Митевски и Максим Митевски по 10 поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести