МЗТ сака денеска да слави титула во Маџари, домашниот тим се надева на прв триумф во финалето

Вечерва продолжува финалната серија во кошаркарскиот плејоф кој треба да го даде најдобриот тим во Македонија. Актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром води со 2:0 во победи против Маџари и е на еден чекор од одбрана на титулата. Аеродромци ги добија двата меча во „Јане Сандански“, но Маџари покажа дека не случајно е во финалето.

Маџари минатата сезона играше во Втора лига, а сега е во финалето за титулата во плејофот. На првите два меча Маџари загуби со седум и пет разлика, што значи дека нијансите решаваа, а тие беа на страна на многу поискусните играчи на МЗТ.

Денешната средба ќе се игра во салата „Наум Наумовски-Борче“, билетите се по 100 денари, а за деца влезот е бесплатен. Од Маџари најавуваат дека со помош на публиката може да стигнат до првата победа над МЗТ Скопје Аеродром, кој сезонава се радуваше на сите пет претходни пресметки.

- Оглас -

Најнови вести