МЗТ Скопје купи центар од Студентски центар, Милошевиќ е четврто засилување за Металците

Крилниот центар Немања Милошевиќ е новото засилување на МЗТ Аеродром непосредно пред почетокот на новата сезона во македонското првенство.

Искусниот повремен репрезентативец на Црна Гора слета во јатото Штркови од Аеродром откако не успеа да се избори за место во ростерот на Будуќност од Подгорица.

Последен клуб на 34-годишниот кошаркар висок 204 сантиметри му беше Студентски центар, а во летниот подготвителен период се обиде да го засили Будуќност, но не успеа.

Претходно во кариерата има играно за: Морнар, Јамбол, Бургас, Бриндизи, Орлеанс, Орадеа, Лукоил и Солнок. Зад себе има две шампионски титули во Црна Гора и една во Бугарија.

Милошевиќ ќе им се приклучи на хрватскиот интернационалец Роберт Рикиќ, како и на Американците Дастин Вер и Хуан Дејвис, кои од почетокот на подготвителниот период се дел од МЗТ Скопје.

Актуелниот првак на Македонија ќе ја почне одбраната на титулата со меч против Пелистер, откако веќе го освои првиот пехар во сезоната со победа во Суперкупот на Македонија против Работнички со 79:78.

- Оглас -

Најнови вести