МЗТ Скопје во АБА 2 игра како во НБА-лигата, по Санс ги победи и Спарс

МЗТ Скопје игра одлично во АБА 2 лигата и вечерва го победи и тимот на Спарс Сараево со 88:77 и го задржа второто место на табелата со биланс од пет победи и само еден пораз.

Аеродромци доминираа во три од четирите периоди и лесно го продолжија победничкиот од во Регионалното натпреварување.

По првото полувреме, МЗТ Скопје водеше со 49:37, а Спарс намали шест поени во третиот период, но немаа сили за подвиг против македонскиот тим.

Американецот Дастин Вер со 26 поени ги предводеше Штрковите до нова победа во АБА 2, а одлично одигра и Рикиќ со 17 поени и Мектиќ со 12.

МЗТ Скопје е на второто место на табелата, само зад лидерот Борац Бањалука, а во Сараево на турнирот ќе одиграат уште еден меч, во недела против Ловќен.

- Оглас -

Најнови вести