На 17 март ќе се знае иднината на фудбалот во Европа

Европската фудбалска федерација (УЕФА) на 17 март закажа состанок по кој треба да се знае судбината на европскиот фудбал. На состанокот ќе бидат присутни членови на сите фудбалски федерации, синдикатот на професионалните фудбалери, како и Асоцијацијата на европските клубови, а темата е една.

Ширењето на Коронавирусот влијаеше многу европски првенства да бидат одложени, не се одиграни ниту сите мечеви во Лигата на Европа и Лигата на шампионите, а не се знае ниту иднината на ЕП 2020. Едноставно со прогласувањето на пандемија за Коронавирусот, фудбалот крахираше.

Состанокот на 17 март треба да биде преку видеопорака за да нема мешање на поголема група луѓе од сите земји во Европа. Еден од најзначајните состаноци на УЕФА во последно време треба да даде одговор дали ќе имаме финиширање на домашните првенства, дали ќе се доиграат мечевите во Лигата на шампиони и Лигата на Европа, но и дали ова лето ќе има ЕП.

 

- Оглас -

Најнови вести