На Ајакс му се погодија старите муштерии во Лигата на шампионите

Ајакс е голем фаворит за нов настап во Лигата на шампионите, пред реваншот вечерва против кипарски АПОЕЛ на „Амстердам арена“ од 21 часот.

Двете екипи ќе почнат со 0:0 од првиот меч, а Ајакс повторно игра со познат ривал што го има победувано и бил поуспешен во најсилното клупско натпреварување во Европа.

Во 2014 година Ајакс и АПОЕЛ беа во иста група и по ремито во Никозија 1:1, популарните „копјаници“ го декласираа противникот на свој терен со 4:0. И вечерва се апсолутни фаворити за победа што би значела нов настап во ЛШ.

И во претходната рунда холандскиот шампион играше со стари муштерии, против грчки ПАОК. И нив ги има надиграно и елиминирано на патот кон учество во ЛШ, пред 3 години, во истата фаза, во полуфиналето, како и годинава.

Покрај овој дуел, вечерва од 21 часот ќе се играат уште два реванш мечеви. Бриж и Славија Прага имаат голема предност по победите од 1:0 на гости против Ласк и Клуж и на свој терен ќе треба да го визираат учеството во ЛШ.

 

- Оглас -

Најнови вести