На „Ева Перон“ гостуваше гигантот Бока јуниорс, лажен полицаец го направи најјакиот продор (Фото)

Фудбалскиот гигант Бока јуниорс вторпат во краток рок е во фокусот во Аргентина и пак во негативен контекст и повторно не по нивна вина.

Откако пред една седмица им беше прекинат мечот со Гимназија Ла Плата како гости, поради големите инциденти пред стадионот „Хуан Кармело Зермилјо“ и внатре, а имаше и една жртва во судирот меѓу домашните навивачи на Гимназија и полицијата, вчера пак имаше инцидент на ново гостување на Бока јуниорс во аргентинското првенство.

Полицаец, за кого сè уште не се знае дали вистина е член на припадниците за одржување на јавниот ред и мир, успеал да влезе на стадионот „Ева Перон“, каде што Сармиенто му беше домаќин на гигантот, и неовластено дури и се симнал на теренот и барал автограми од гостинските играчи.

Фатен е на камера како го принудил играчот на Бока, Лука Лангони, да му се потпише на раката.

Лангони беше стрелец на единствениот гол на мечот за победа на Бока јуниорс од 1:0, а во чудната ситуација реагирало обезбедувањето на стадионот.

Утврдено е дека полицаецот воопшто не бил дел од обезбедувањето или од полицискиот кордон за мечот меѓу Сармиенто и Бока, а има истрага и дали се работи за вистински или за лажен полицаец.

Бока по 24 одиграни натпревари е лидер во Аргентина со 48 бода пред вечниот ривал Ривер плејт со 44, колку што имаат и Расинг и Атлетико Тукуман.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести