На Ѓоковиќ лесно му е со противниците, не му оди со судиите (Видео)

Новак Ѓоковиќ ќе игра во четвртфиналето на Ролан Гарос откако лесно во три сета го победи Карен Хачанов од Русија.

Со 6:4,6:3, 6:3 Новак славеше во осминафиналето за помалку од 2 и пол часа, а интересно е што повторно погоди линиски судија со топче, но овојпат во игра, обидувајќи се да врати при ударот на Хачанов.

https://twitter.com/tennis_gifs/status/1313123133633695745?s=20

Ѓоковиќ за пласман во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Карењо Буста и Алтмаер, што сè уште не е започнат.

Претходно со победи против Димитров и Фуксович, Стефанос Циципас и Андреј Рублев си закажаа четвртфинална пресметка во Париз.

Кај дамите за првпат во 2012 година четвртфинале ќе игра Петра Квитова, откако ја победи Жанг од Кина со 2:0 во сетови.

Противничка на седмата носителка ќе ѝ биде Сигмунд од Германија, по победата од 2:0 против Бадоса.

- Оглас -

Најнови вести