На Голд купот едниот натпревар ќе биде ефикасен, другиот не

Еквадор – Чиле (01.00 часот)

Квалитетот е на страна на Чилеанците, а отежнувачка околност за Еквадор е и тоа што на клупата на Чиле седи човек кој одлично го познава Еквадор, бидејќи четири години им беше селектор. Ова значи дека Еквадор нема со што да го изненади фаворитот, но сигурно ќе се обиде да му даде голем отпор, зошто да не и да извлече нерешен резултат кој би бил успех. Сепак, Чиле е фаворит, а дека е силен, се уверија и Јапонците во првото коло.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (2.10)

 

Ел Салвадор – Јамајка (01.00 часот)

Двете селекции почнаа со победи на Голд купот и доколку има победник на нивниот меѓусебен дуел, тој тим може да смета дека се пласирал во следната фаза. Ел Салвадор победи во март во рамките на Лигата на нации, но севкупно гледано, традицијата е на страна на Јамајка. Не би требало да има премногу голови.

Предлог тип: 0-2 гола (1.43)

 

Хондурас – Курасао (03.00 часот)

Хондурас имаше големи амбиции, но подмладувањето на тимот не даде ефект, и нема да биде сензација доколку после Јамајка, и Курасао му земе планира бодови на фаворитот. Курасао е земја во која има холандски легионери. За разлика од другиот меч, тука можно е да има повеќе голови.

Предлог тип: 3+ (2.07)

 

Кливленд индијанс – Детроит тајгерс (01.10 часот)

Ова е непредвидлив дуел, бидејќи Кливленд месецов трипати го победи Детроит и тоа прилично убедливо, но на последното гостување кај Индијанс, екипата на Тајгерс успеа да победи. Ова се ривали од централната дивизија и Детроит ќе сака да се одмазди, но во последно време Кливленд е во подобра форма.

Предлог тип: 1 (1.50)

 

Њујорк јенкис – Хјустон астрос (01.05 часот)

Ова е дерби според позицијата на табелата на двата тима, но Јенките се фаворити во овој двобој поради подобрата форма. Њујорк има шест победи по ред, а Хјустон има пет порази во низа. Њујорк синоќа победи со 10-0, слична слика ќе има и вечерва. Враќањето на удирачот Арон Џаџ по паузата од два месеци, е голем психолошки плус за Јенкис.

Предлог тип: 1 (1.65)

- Оглас -

Најнови вести