На Грците им пречи кратенката МКД, на телевизискиот пренос користеа друга кратенка (Фото)

Настапот на македонската репрезентација на ЕВРО 2020 со внимание се следеше и кај нашиот јужен сосед. Грција не е учесник на ЕП, но и таму се пренесуваа сите мечеви на македонскиот национален тим.

Грците пред почетокот на ЕП почнаа да мешаат политика и бараа забрана на кратенката ФФМ на дресовите, им пречеше и кратенката МКД. За името на Федерацијата, беа немоќни да сторат нешто, и понатаму е Фудбалска федерација на Македонија, а Грците најдоа начин како барем да не ја користат кратенката МКД при преносите на телевизија.

Во горниот дел на екранот кај резултатот, наместо МКД како секаде во светот, на грчките гледачи им беше претставена кратенка НМК, како што е новата кратенка на регистарските таблички на возилата.

Се покажа и дека немаат толку голем проблем со новото уставно име на нашата земја, па и коментаторите користеа Северна Македонија, наместо Фиром или Скопје, како што досега најчесто ја ословуваа Македонија.

- Оглас -

Најнови вести