На Јаховиќ „не му легна“ Бодрумспор, сонува враќање и пензионирање во црвено-жолтиот дрес

Поранешниот македонски репрезентативен напаѓач, Адис Јаховиќ, пред околу две недели се раздели со клубот Бодрумспор во кој дојде летоска, а сега е во потрага по клуб, и преку неговите менаџери пуштил абер до Гозтепе да го вратат во нивните редови.

Јаховиќ кој има 35 години, рекол дека сака да се врати во турскиот второлигаш Гозтепе, и таму да ја заврши кариерата. Адис за Гозтепе прво играше од 2016 до 2018 година, а потоа и во 2021/2022.

Во дресот на Бодрумспор, Јаховиќ даде два гола, имаше и две асистенции, но само еднаш играше 90 минути, а последниот настап му беше на 20-ти ноември.

- Оглас -

Најнови вести