На Јувентус му недостасуваат двајца странци

Составот на италијанскиот првак Јувентус речиси е комплетиран заедно со странците кои до пред неколку дена беа во родните земји. Секако, причина да се вратат дома беше прекинот на сезоната поради пандемијата со корона-вирусот, а само двајца од нив уште не се вратени.

Гонзало Игуаин и натаму се наоѓа во Аргентина бидејќи неговата мајка е во лоша здравствена состојба и не е познато дали ќе се врати во Торино во скоро време, додека вториот играч е Адриен Рабио.

Роналдо, Хедира, Де Лихт, Матуиди и Шченсни се играчите кои веќе се во Торино и ги поминаа тестирањата, па им преостанува да поминат 14 дена во самоизолација според протоколот, додека останатите почнаа со тренинзи. Даглас Коста и Алекс Сандро се последните двајца кои се вратија вчера навечер во Торино.

Италијанските медиуми наведуваат дека ситуацијата со Игуаин останува неизвесна и допрва ќе се види дали на ваков начин Пипита се обидува да изнуди трансфер од Јувентус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести