На манчестеровци не им легна добро камбекот на публика на трибините

На двата клуба од Манчестер, Јунајтед и Сити, не им легна добро камбекот на публиката на трибините по 14 месеци пауза, а на првото изненадување на „Олд Трафорд“, веднаш потоа стигна уште поголемо на стадионот „Амекс“ во Брајтон.

Шампионот Манчестер сити доживеа пораз од домаќинот Брајтон со 3:2, што е првокласна сензација, особено ако се знае дека популарните Граѓани водеа со 2:0, но беа поразени од разлетаните Галеби.

Гостите од Манчестер играа со фудбалер помалку од десеттата минута, кога беше исклучен Кансело, па тоа се покажа како преголем хендикеп и за новиот шампион.

Гостите водеа со головите на Гундоган и на Фоден, но домаќините победија благодарение на погодоците на Тросар, Вебстер и Бурн од 50-тата до 76-тата минута.

Претходно и Манчестер јунајтед прокоцка предност од 1:0 против Фулам и одигра само нерешено 1:1 против тим што испадна од Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести